Џуд Белингам и Хари Кејн беа творци на пресвртот на Англија во дуелот против Словачка. Англија со 2:1 славеше над Словачка и се пласираше во четвртфиналето на Европското првенство, а по мечот, Кејн не штедеше пофални зборови за Белингам.
„Џуд Белингам е најдобриот фудбалер во историјата на нашата земја. Каков е тоа играч. Многу напорно работи. тука е кога е потребно. Денес повторно го направи тоа. Во ова натпреварување мора да најдете начин како да победите. Овој тим знае „длабоко да копа“. Можевме и подобро да играме, но на крајот најважен е резултатот. се надевам дека ќе продолжиме во ист стил“, рече Кејн, кој погоди за 2:1 на почетокот од продолжението од 30 минути.
Во четвртфиналето, Англија ќе игра против Швајцарија.