Кејн нема освоено ниту еден трофеј ама се понуди: Сѐ би дал само да го освојам Европското првенство

Хари Кејн вечерва има шанса да се израдува на првиот голем трофеј во неговата кариера. Несомнено е дека Кејн е еден од најдобрите голгетери на денешницата, но факт е дека тој во кариерата нема освоено ниту еден трофеј на клупски или репрезентативен план.

„Нема никаква тајна дека досега немам освоено ниту еден тимски трофеј. Со секоја година што поминува јас сум уште помотивиран, поодлучен тоа да се промени. Сега имам шанса да го освојам еден од најзначајните трофеи во историјата на Англија. Многу сум горд што сум Англичанец. Би менувал сѐ што досега сум остварил во кариерата за победа над Шпанија. Подготвен сум за мечот кој се надевам дека ќе биде посебен за нас“, рече Кејн во пресрет на финалето.

- Оглас -

Најнови вести