Хари Кејн летово речиси по 20 години, во желба да освојува трофеи, го напушти Тотенхем и потпиша за Баерн Минхен во трансфер вреден 100 милиони евра, но од Лондон си замина со горчлив вкус иако е најдобар стрелец во историјата на клубот.
Претседателот на Тотенхем, Даниел Леви, на сите можни начини се обидуваше да го разубеди Кејн, дури го симна од авион, но на крајот мораше да попушти, но притоа направи нешто што фудбалерот нема да му го заборави ниту нему ниту на клубот.
Имено, кога Кејн јавно изјави дека си заминува од Тотенхем, премиерлигашот му забрани да влезе во тренинг-кампот и лично да се прости од соиграчите.
Леви и Тотенхем исто така не му дозволија ниту да си ги собере работите од неговиот ормар, туку му ги испратија на домашна адреса.