Кејн: Огромна е разликата меѓу Тотенхем и Баерн, во Минхен не е доволно само да се победува

Капитенот на англиската репрезентација, Хари Кејн, во желбата да освојува трофеи, летово го напушти Тотенхем и се пресели во Баерн Минхен, и по само еден месец играње за германскиот шампион ја воочи разликата меѓу двата тима.

Кејн одлично се вклопи во играта на Баерн, постигна три гола во првите три кола и покажа дека ќе биде големо засилување на тимот.

„Во Баерн е многу поголем притисокот од тоа на кое бев навикнат. Нормално и во Тотенхем сакавме да победуваме, но ако не го направевме тоа на неколку натпревари, никој не сметаше дека е катастрофа. Но, во Баерн мора да победите на секој натпревар. Во првите два меча во Бундеслигата славевме со 4:0 и 3:1, но и понатаму се зборува дали игравме добро. Тоа е дел од културата на овој тим, затоа Баерн е еден од најголемите клубови на светот“, изјави Кејн кој денеска со англиската репрезентација во Вроцлав од 18 часот ќе игра против Украина во квалификациите за ЕП 2024.

- Оглас -

Најнови вести