Кејн остана дома и не отпатува за Португалија, се крчка трансфер во Манчестер сити?

Хари Кејн остана дома и не отпатува со екипата на Тотенхем за Португалија, на мегдан на Пасош Фереира во меч од квалификациите за Конференциската лига на УЕФА.

Капитенот е во Лондон и не полета за Португалија, а образложението од таборот на Тотенхем е дека му требаат дополнителни тренинзи, откако ги пропушти комплетните летни подготовки со клубот, а не играше ниту во првото коло во Премиер лигата.

Тотенхем и без Кејн го победи токму Манчестер сити, клуб кој се обидува да го ангажира англискиот репрезентативец.

Англиските медиуми објавија дека главна причина за останувањето на Кејн во Лондон е кавгата меѓу него и првиот човек на клубот Даниел Леви, кој одбива трансфер на капитенот.

Понудата на Манчестер сити неофицијално е 150 милиони евра, а Тотенхем веројатно ќе попушти, но за сума од 150 милиони фунти.

 

- Оглас -

Најнови вести