Кејн: „Ова е многу болно и ќе боли уште многу долго“

Англија вторпат по ред загуби во финалните натпревари на Европските првенства, што е првпат во историјата на континенталните собири некоја селекција да дојде до ваков неуспех.

„Тешко е со зборови да се објасни како се чувствуваме во моментов. Беше многу тежок натпревар. Добро се вративме во натпреварот и сакавме да победиме. Да се прими погодок во последните моменти е навистина тешко да се прифати. Во првото полувреме се мачевме. Не можевме да ја задржиме топката. Второто полувреме беше подобро, но не успеавме. Пропуштивме голема шанса. Не е лесно да се дојде до финалето и кога ќе стигнете до тука, тоа мора да го искористите. Ние не успеавме. Ова е ужасно болно и ќе боли уште многу долго. Не знам дали Герет ќе си замине. Сигурно ќе му треба време за да одлучи. Сакавме титулата да ја освоиме за него.“ – рече Хари Кејн после поразот од Шпанија во финалето на Европското првенство.

Следното Европско првенство ќе се одржува во Велика Британија и Ирска, односно токму Англија ќе биде еден од домаќините, па Хари Кејн ќе може да дојде до трофејот или пак до уште еден неславен рекорд и хет-трик во загубени финалиња по ред на Европските првенства.

- Оглас -

Најнови вести