Кејн пишуваше историја, но Тотенхем тоне без Кулушевски, а Њукасл оди кон ЛШ (Видео)

Несигурните реакции на искусниот француски голман Уго Љорис, придонесоа Њукасл да го победи Тотенхем во Лондон со 2-1.

Сега Чавките, барем привремено, се четврти на табелата, а за Петлите за кои не играа Кулушевски и Ришарлисон, ова е втор пораз по ред. Ова е прв домашен меч сезонава на кој Тотенхем не победи.

Вилсон и Алмирон беа стрелци на головите за Њукасл, а за домашните погоди Хари Кејн кој стана прв фудбалер во историјата на Премиер лигата кој дал 35 или повеќе голови и со лева нога и со десна нога, и со глава. Денеска Кејн погоди со глава, и се искачи на деветтото место на вечната листа на стрелци во Премиер лигата според бројот на голови со шут со глава.

Хари даде гол, негов десетти сезнава, но немаше причини за славје после мечот.

- Оглас -

Најнови вести