Кејн по четврти пат стана татко, Англичаните може да здивнат, бебето се роди во нивната земја

Капитенот на англиската фудбалска репрезентација и играч на Баерн Минхен, Хари Кејн, по четврти пат стана татко. По двете ќерки, Кејн сега има и два сина. Кејн синоќа објави дека бебето се вика Хенри Едвард Кејн и дека е родено на 20 август.

На една од фотографиите кои ги објави фудбалерот се гледа како на англиски пишува машко бебе, соба 101, што укажува на тоа дека станува збор за британска болница и најверојатно бебето е родено во Велика Британија, а не во Германија.

Можеби се роди нов иден голгетер за кого Англичаните веќе не треба да се плашат дека еден ден би играл за Германија ако се родеше во земјата во која татко му е на печалба.

- Оглас -

Најнови вести