Баерн Минхен забележа нова победа во Бундеслигата, иако се беше идеално за „баварците“, на крајот можеше да доживеат катастрофа.
Павловиќ и Кејн донесоа водство од 2-0 против Ајнтрахт Франкфурт уште во првото полувреме, а Англичанецот со неговиот втор гол зголеми на 3-0 во 68-мата минута.
Сепак, се чини дека „баварците“ како да застанаа и предвреме да се израдуваа на победата, па гостите од Франкфурт со два гола во финишот намали ја на 3-2, но не успеаја да спасат барем бод.
Баерн Минхен со оваа победа има плус девет во однос на Борусија Дортмунд, но „милионите“ имаат натпревар помалку, оној против Лајпциг кој се игра вечерва.

