Фудбалерите на Баерн Минхен забележаа и повеќе од убедлива победа на претпоследниот пријателски меч пред официјалниот почеток на сезоната во Германија. „Баварците“ немаа милост за Тотенхем и славеа со 4-0 на „Алијанц арената“.
Она што е интересно, резултатот го отвори легендата на Тотенхем, Хари Кејн, кој сега го носи дресот на Баерн Минхен. Англичанецот успеа да погоди во 12-тата минута, но само две минути подоцна успеа да се посрамоти од пенал, кога топката заврши високо на трибините, помеѓу публиката.
Останатите голови за Баерн Минхен беа дело на Кингсли Коман, Ленарт Карл и Висдом Мајк.
Првенството во Бундеслигата започнува на 22-ри месецо, но една седмица претходно „баварците“ ќе играат против Штутгарт во германскиот Супер куп. До тогаш ќе одиграат уште еден контролен меч, против швајцарски Грасхоперс.
За разлика од нив, Тотенхем имаше неуспешна генералка, бидејќи веќе во среда го игра европскиот Супер куп против ПСЖ, а три дена подоцна започнува и англиската Премиер лига.