Кејн првпат се огласи по доаѓањето во Баерн: Донесов тешка одлука, чувствувам одговорност и притисок 

Еден ден по поразот на Баерн Минхен од Ред Бул Лајпциг (0:3) во германскиот Суперкуп, за првпат во јавноста се огласи најскапото засилување во историјата на шампионот, Хари Кејн. Кејн вчера наутро го комплетира трансферот вреден 100 милиони фунти и вечерта ги одигра првите минути во дресот на Баерн.

„Целата кариера и досегашниот дел од животот го поминав во Англија. Ќе морам да се адаптирам на новата лига и новиот тим. Сите очекуваат Баерн секоја година да се прошета до титулата во Бундеслигата, но конкуренцијата не спие, се засилува и тоа е предизвик. Во текот на целата кариера во Тотенхем и во англиската репрезентација се адаптирав на соиграчите, па така ќе биде и тука“, изјави Кејн.

Тој потоа објасни зошто донел одлука да си замине од Тотенхем.
„Тоа беше тешка одлука бидејќи Тотенхем ми е во срцето. Но, сакам да освојувам трофеи и ова е вистинско време за заминување. Ова беше напорна недела и прв трансфер кој го направив. Во целиот процес имаше и добри и лоши страни, но сега сум среќен што сум тука во Баерн. На Тотенхем и претседателот Даниел Леви им посакувам се најдобро. Мојот фокус е сега на Баерн и сакам да му помогнам на тимот. Отсекогаш сум се терал самиот до крајни граници и ќе видиме каде ќе ме однесе тоа. Сакам да се борам за титулата во ЛШ, сакам да се борам за трофеи и им се радувам на предизвиците.

Кејн беше запрашан дали чувствува притисок поради парите кои ги плати Баерн за него.

„Сто милиони фунти се многу пари. Немав времеда да видам што се пишува во Англија, но чувствувам одговорност да ги вратам и исплатам вложените пари. Баерн плати големи пари за да се обидеме да оствариме големи работи“.

- Оглас -

Најнови вести