Кејн руши рекорди во Бундеслигата и носи победи на Баерн Минхен

Баерн Минхен минимално со 1:0 го победи Келн на гостински терен, триумф со кој актуелниот германски првак се најде на првата позиција во Бундеслигата. Хари Кејн е херојот на гостите, постигнувајќи го единствениот гол доволен за три бода. Англискиот голгетер погоди во 20 минута и со тоа постави еден рекорд во германското првенство.

Кејн е првиот фудбалер во историјата на Бундеслигата што успеал да постигне 18 погодоци во првите 12 кола од првенството. Тоа што е уште поважно, Кејн тоа го направи во дебитантската сезона, откако летово потпиша за Баерн Минхен.

Баерн Минхен сега има 32 бодови, еден повеќе од Баер Леверкузен кој утре гостува кај Вердер Бремен. Штутгарт е трет, но заостанува дури осум бода зад лидерот Баерн Минхен.

- Оглас -

Најнови вести