Капитенот на англиската фудбалска репрезентација и член на Баерн Минхен, Хари Кејн, веќе три месеци со семејството престојува во супер луксузен апартман во хотел во Минхен и плаќа околу 10.000 евра на ден, па за тримесечниот престој досега, Кејн платил околу 1 милион евра.
Не е познато дали плаќа сам или тоа му го покрива клубот.
Кејн има годишна плата од 25 милиони евра, неделно заработува 480.000 евра, па веројатно може да си дозволи ваков хотел во којшто му се нудат секакви екстра услуги и поволности, покрај стандардните.
Договорот на Кејн со Баерн е до јуни 2027 година, па веројатно ќе мора да си најде дом каде „ќе се скраси“, но засега е во хотел и нема ништо против да остане подолго.