26.8 C
Skopje
понеделник, 25 август 2025

Кејн се лути што играчите на Интер славеле како да ја освоиле Лигата на шампионите

На Хари Кејн воопшто не му било мило што фудбалерите на Интер имаа голема прослава во 88-мата минута по победничкиот гол на Давиде Фратези во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Англискиот напаѓачот се изнервирал од тоа што го видел.

„На крајот славеа како да ја освоиле титулата!“, искоментира Кејн, кој верува дека ова треба да му даде уште поголем мотив на Баерн за реваншот во Милано.

Дали славеничките сцени на интеристите на „Алијанц арената“ ќе им дадат дополнителна мотивација на Баварците за реваншот, останува да се види.

- Оглас -

Најнови вести