Непојавувањето на Хари Кејн во Тотенхем предизвика скандал на Островот, а медиумите тврдеа дека одбива да тренира со екипата по завршувањето на неговиот одмор, со цел да изнуди трансфер во Манчестер сити.
Англиската ѕвезда е голема желба на Пеп Гвардиола, но Кејн конечно се огласи за да ја расчисти ситуацијата и нагласи дека никогаш не одбил да тренира. Според неговиот план, тој утре ќе се појави во просториите на лондонскиот клуб.
„Поминаа речиси 10 години откако дебитирав за Тотенхем. Во секоја од тие години, вие, фановите, ми дадовте максимална поддршка и љубов. Поради тоа ме боли што читам коментари од изминатава недела, сомневајќи се во мојот професионализам. Иако нема да навлегувам во детали околу ситуацијата, сакам да расчистам дека никогаш, апсолутно никогаш не сум одбил да тренира. Утре ќе се вратам во клубот, како што е првичниот план. Никогаш не би ја загрозил мојата врска со навивачите кои досега ми даваа безусловна поддршка. Таков беше случајот отсекогаш, па и сега“, се огласи Кејн преку својот официјален тривер-профил.
— Harry Kane (@HKane) August 6, 2021