Официјално: Кејн се помири со останувањето во Тотенхем

Хари Кејн официјално потврди дека останува во Тотенхем. Капитенот сакаше да замине во Манчестер сити, но желбата нема да му се исполни ова лето.

Граѓаните за Кејн понудија 150 милиони евра, а претседателот на Тотенхем, Даниел Леви, ја одби понудата. Во Сити биле заморени од игрите и ценкањето на Леви, па почнаа да го губат интересот за Кејн, кој останува во клубот чиј капитен е. Кејн ја почитува позицијата на Тотенхем и нема намера да влегува во војна со клубот, па решил да се помири со останување.

„Беше неверојатно да се види приемот кој навивачите ми го приредија во неделата. Прочитав некои пораки на поддршка во претходните недели. Останувам во Тотенхем и ќе бидам 100 проценти фокусиран да придонесам за успеси на тимот“, објави Кејн на „Твитер“.

- Оглас -

Најнови вести