Кејн се помири со судбината и почна да дава голови за Тотенхем (Видео)

Хари Кејн уште еднаш потврдува дека е топ-напаѓач во светот на фудбалот, а вечерва само за 35 минути постигна два гола за Тотенхем против Пашош Фереира во првиот меч како стартер на сезона за Тотенхем.

Англискиот репрезентативец сакаше да си замине и се надеваше дека ќе игра за Манчестер сити, но тоа речиси сигурно нема да се случи ова лето.

Кејн ги бојкотираше подготовките на Тотенхем, а раководството ја одби понудата на Манчестер сити, па напаѓачот се помири со судбината и игра за Спарс.

Вечерва го постигна првиот гол во новата сезона, откако во деветтата минута беше прецизен во реванш-мечот против Пашош Фереира од квалификациите за настап во Конференциската лига на УЕФА.

Потоа даде уште едне гол во 35-тата минута, а Тотенхем е на добар пат да се пласира во фазата по групи во новото натпреварување, иако го загуби првиот меч со 0:1.

 

- Оглас -

Најнови вести