Кејн се повреди, најцрното сценарио е дека останува без Европско (Видео)

Во финишот на средбата Евертон – Тотенхем, на повреда се пожали Хари Кејн, првиот стрелец на Петлите сам побара измена, а додека излегуваше од игра, разочарано одмавнуваше со главата. Оваа реакција ги исплаши сите фанови на Тотенхем, но и сите Англичани, бидејќи до почетокот на ЕП има само уште неполни два месеци.

Жозе Мурињо изјави дека уште е рано да се знае точно колку е тешка повредата на зглобот на ѕвездата, но рече дека е оптимист оти не станува збор за нешто сериозно. Тотенхем в среда игра со Саутхемптон, а следниот викенд имаат финале во Лига купот.

„Тој е многу важен играч за нас, но не би сакал да шпекулирам. Премногу е рано да се каже нешто. Дозволете ми да бидам оптимист и да верувам дека не е ништо сериозно“ – изјави Мурињо.

- Оглас -

Најнови вести