Кејн со еден удар утепа три муви: Го урна Сити, испиша клупска историја и влезе во одбрано премиерлигашко друштво (Видео)

Фудбалерите на Тотенхем со 1:0 го совладаа Манчестер сити во дербито на 22-то коло од Премиер лигата, а во фокусот беше капитенот на Петлите, Хари Кејн.

Кејн беше стрелец на единствениот гол, го постигна во 15-та минута и со него утепа – не две, туку три муви.

Тотенхем не дозволи за 15-тина дена по втор пат да загуби од Манчестер сити иако на полувремето имаше предност. На претходната средба што се играше на „Етихад“, Тотенхем по првото полувреме имаше предност од 2:0, но загуби со 4:2.

Овој пат, Петлите успеаја да ја зачуваат предноста од првиот дел и да дојдат до три бода и сега се наоѓаат на само еден бод помалку од Њукасл кој се наоѓа на позицијата на табелата која носи во Лигата на шампионите.

https://twitter.com/btsportfootball/status/1622281025639284736?s=20&t=U_TxTHK5t1dqrZBcUOX8Iw

Кејн со голот во 15-та миниута стана најдобриот стрелец во историјата на Тотенхем надминувајќи го Џими Гривс. Кејн сега има 267 гола за Тотенхем, додека Гривс остана на еден помалку.

https://twitter.com/SpursOfficial/status/1622284060662931456?s=20&t=U_TxTHK5t1dqrZBcUOX8Iw

Исто така, ова беше 200-ти гол за Кејн во Премиер лигата и стана третиот фудбалер во историјата кој дошол до оваа бројка. Пред него, тоа им успеало само на Алан Ширер кој има дадено 260 гола во Премиер лигата и Вејн Руни кој застана на 208 гола.

- Оглас -

Најнови вести