28.8 C
Skopje
среда, 10 септември 2025

Кејн со свечена фотографија се прости од хотелот во кој потроши вистинско богатство

Најдобриот стрелец во Бундес лигата, Хари Кејн, конечно го напушти хотелот во кој живееше од неговата преселба во Минхен. Англискиот репрезентативец откако направи трансфер од Тотенхем, заедно со своето семејство живееше во луксузен хотел во центарот на Минхен, каде за својот престој плати неверојатни 1.22 милиони евра.

Хари Кејн сакаше да ја купи „вистинската“ куќа за него и неговото семејство, а откако тоа го стори, со свечена фотографија се прости од хотелот и персоналот кој му помогна во адаптацијата во Минхен.

– “Голема благодарност до сите вработени во хотелот кои направија да се чувствувам како дома откако пристигнав во Минхен. Тие одиграа важна улога во тоа да се вклопам толку добро. Томас Милер беше загрижен дека просторијата ќе биде претесна (поради носење топки по хет-трикови н. з.), па дојде време да се преселам во мојот дом со моето семејство.“ – напиша Кејн.

- Оглас -

Најнови вести