26.8 C
Skopje
среда, 10 септември 2025

Кејн собори рекорд во Бундеслигата стар 60 години

Баерн Минхен вчера во најголемото дерби во германскиот фудбал, со 4:0 ја декласира Борусија Дортмунд и тоа на гости, а на „Сигнал Идуна парк“ блескаше Хари Кејн.

https://twitter.com/FabrizioRomano/status/1720884605824188642

Капитенот на англиската репрезентација продолжува да ги тероризира голманите во Бундеслигата и вчера дури трипати ја тресеше мрежата на Милионерите.

Со овие три гола, Кејн дојде до бројката од 15 гола во првите десет гола со што собори рекорд стар шест децении. Имено, до вчера најдобар стрелец по првите десет кола беше Клаус Матијашек од Шалке со 13 постигнати голови.

- Оглас -

Најнови вести