20.8 C
Skopje
четврток, 11 септември 2025

Кејн сруши уште еден рекорд на Баерн иако одигра само 30 минути

Хари Кејн со трансферот во Баерн Минхен го сруши рекордот за најскап фудбалер кој дошол во Баварија, но и рекордот на Бундеслигата. Иако е само два дена член на Баварците, рекордерот по бројот на голови за Тотенхем и англиската репрезентација сруши уште еден несекојдневен рекорд.

Баерн Минхен се пофали дека продале повеќе од 10.000 дресови со бројот и презимето на Кејн. Ако се знае дека цената за детските дресови е 75 евра, а на оние за возрасни 138 евра, тогаш заработката на Баерн Минхен само од продажбата на дресовите за еден ден е помеѓу еден и два милиони евра.

Хари Кејн во саботата се пресели од Тотенхем во Баерн Минхен за 100 милиони евра, плус 10 милиони евра во дополнителни бонуси.

- Оглас -

Најнови вести