Кејн стигна до 250 голови, неверојатен пресврт и победа на Тотенхем против Лестер (ФОТО)

Хари Кејн го постигна 250 погодок во својата сениорска кариера во драматичната победа на неговиот тим, Тотенхем на гостувањето кај Лестер со 2:3.

Напаѓачот погоди во 38-та минута за израмнување на 1:1 откако претходно Дака во 23-та минута му донесе водство на Лестер.

Ново водство за Лестер донесе Џејмс Медисон во 76-та минута. Сепак, Стивен Бергвајн со голови во 94та и 97-та минута му донесоа неверојатен пресврт на тимот на Антонио Конте.
Тотенхем сега има 36 бода и е на петтото место, додека Лестер по овој неверојатен пораз остана на бројката од 25 бода.

- Оглас -

Најнови вести