Кејн: Тренерот рече да немаме милост, сакаше да дадеме уште голови

Историски меч се оидгра синоќа на „Алијанц арената, кога Баерн Минхен со 9:2 го победи Динамо Загреб. Ова е меч на кој германскиот тим стигна до најубедливата победа во Лигата на шампионите, а Динамо го претрпе најтешкиот пораз во клупската историја.

Баерн Минхен на полувреме водеше со 3:0, Динамо возврати на стартот на вториот дел и намали на 3:2, но тоа како да ги налути домаќините. До крајот на мечот Баерн стигна до девет погодоци, најмногу за нив во историјата на елитното натпреварување на УЕФА.

Хари Кејн беше главен за тресење на мрежата на гостите. Англискиот репрезентативец даде четири погодоци, од кои три беа од пенал. По мечот, Кејн откри дека имале насока од тренерот Венсан Компани да не попуштаат во темпото.

„Сакавме многу силно да влеземе во овој меч и мислам дека тоа го направивме. Од почетокот до крајот, без петте минути на почетокот на вториот дел бевме добри и убедливи. Сакавме да продолжиме со добрата форма и овој резултат е доказ дека така работиме. Тренерот ни рече да немаме милост. Головите доаѓаа како на филмска лента. Сакавме да продолжиме и да дадеме 10-ти или 11-ти погодок“, рече Кејн по мечот.

За разлика од Кејн, неговиот тренер Венсан Компани вели дека ако неговиот тим дал девет гола, сепак има многу работи за корекција.

„Среќен сум за момците. Тие постигнуваат голови, а не јас. Примивме два гола, но останавме мирни. Ова не е идеална игра. Ги увидов грешките и веќе започнуваме да ги коригираме. Мораме да имаме повеќе контрола, но и за тоа ќе дојде време“, рече Компани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести