Англискиот напаѓач Хари Кејн, кој има одлична сезона на индивидуален план за Баерн Минхен, посакува Баварците да ги добијат сите мечеви до крајот на сезоната и да чекаат киксеви на лидерот Баер Леверкузен.
Капитенот на англиската селекција има 30 гола во Бундеслигата до моментов. Тимот има дури десет бода помалку од Леверкузен на девет кола до крај.
„Леверкузен останува фаворит, тоа го покажува реалноста. Единственото кое може да го направиме е да победуваме. Тие имаат фантастична сезона и ние го цениме тоа. Се надеваме дека ќе ги добиеме нашите двобои, а тие може да загубат бодови некаде“, вели Кејн.