Кејн утре со Англија го брка првиот трофеј во кариерата, но може да повтори и подвиг на Герд Милер

Капитенот на репрезентацијата на Англија и нејзин најдобар стрелец во историјата, Хари Кејн, утре има можност да го освои првиот трофеј во својата кариера, како и да се закити со признание кое е многу ретко во светот на фудбалот.

Кејн зад себе има повторно спектакуларна индивидуална сезона. Тој е најдобар стрелец во Европа, најдобар стрелец во Лигата на шампионите и најдобар стрелец во Бундеслигата. Меѓутоа, трофеите сè уште недостасуваат.

Англискиот капитен утре повторно ќе биде на чекор до освојување трофеј бидејќи ќе ја предводи селекцијата во финалето на Европското првенство против Шпанија.

Но, освен тоа што може да го освои првиот трофеј во кариерата, Хари Кејн може да оствари и импресивен подвиг каков што е виден само еднаш во историјата на фудбалот.

Кејн може да стане само вториот играч кој ја освоил „Златната копачка“ и на Европско и на Светско првенство. Досега тоа достигнување го има остварено само легендарниот германски напаѓач Герд Милер.

Кејн на ова Европско првенство, и покрај повредата на грбот поради која игра под инјекции за време на турнирот, постигна три гола и е на делба на првото место со Дани Олмо, Коди Гакпо, Џамал Мусијала, Георге Микаутадзе и Иван Шранц.

- Оглас -

Најнови вести