Баерн Минхен славеше со 3:1 против Аугсбург во второто коло од Бундеслигата, а во центарот на вниманието беше Хари Кејн.
100 милиони евра вредното засилување и на вториот меч во Бундеслигата се запиша во листата на стрелците, а вечерва дури двапати ја тресеше мрежата.
Баерн поведе во 32-та минута со автоголот на Удуокаи, а до крајот на првото полувреме, Кејн го реализира пеналот за 2:0.
https://twitter.com/i/status/1695831780794810498
Во 69-та минута Кејн погоди за 3:0, а гостите поразот го ублажија преку Бељо во 86-та минута.
HARRY KANE AT THE DOUBLE!!!
ALPHONSO DAVIES WITH THE ASSIST!pic.twitter.com/pPraXMrN8D— Football Report (@FootballReprt) August 27, 2023