Кејн верува дека Тотенхем може да стигне до титулата во Премиер лигата

Тотенхем одигра два одлични меча и го освои Ауди купот, кој традиционално го организира Баерн во Минхен. Лондонскиот клуб стигна до трофејот откако во полуфиналето го победи Реал Мадрид со 1:0, а синоќа во финалето беше подобар од домаќинот Баерн и тоа дури по подобро изведување на пенали.

Претходно, во подготвителниот период Тотенхем со 3:2 го победи и Јувентус, а единствено загуби од Манчестер јунајтед со 2:1. Лондончани се единствени кои летово одиграа мечеви против најтрофејните клубови во Италија, Шпанија, Германија и Англија, а билансот им е одличен. Токму затоа, напаѓачот Хари Кејн верува дека во новата сезона, може да се оечкува и борба за титулата.

„Ние треба да покажеме волја и мотивација, иако многу луѓе не ни даваат шанса во борба за титулата. Секако дека Манчестер сити и Ливерпул се први фаворити за трофејот во Премиер лигата, но ние знаеме дека имаме квалитет. Во последните неколку години добро работиме и веруваме дека имаме сили. Со минатосезонскиот пласман во финалето на ЛШ, покажавме дека можеме да играме одлично и против најсилните екипи. Мора да стартуваме добро во Премиер лигата, да направиме серија победи, а потоа се е можно“, рече Кејн, чиј тим минатата сезона заврши на третото место во шампионатот.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести