Кејн за голеадите на Баерн: Тренерот Компани и по 2-0 од нас бара да продолжиме со давање голови

Напаѓачот на Баерн Минхен и капитен на англиската репрезентација, Хари Кејн,  говорејќи за успесите на тимот под водство на новиот тренер Венсан Компани, истакна дека белгискиот стручњак од нив бара постојано и постојано да постигнуваат голови, без разлика на резултатот на семафорот.

Во шесте воведни натпревари во сезоната во сите натпреварувања, Баерн забележа 6 победи и постигна голем број голови.

„Тренерот сака да играме со висок интензитет дури и кога водиме со 1-0 или 2-0. Тој сака да ги постигнеме третиот, четвртиот и петтиот гол. Тоа беше видливо на натпреварите во Бремен (Баерн победи на тој меч со 5-0 н.з.) и во Лигата на шампионите (го разбија Динамо Загреб со 9-2 н.з.). Ова е нашата филозофија. Се подобруваме со секој натпревар. Можете да видите какви одлични голови постигнуваме. Се трудиме да ја добиеме борбата за секоја топка и да не му дозволиме ништо на противникот. Тоа е одличен менталитет“, изјави Кејн.

- Оглас -

Најнови вести