Кејн за историја, прв Англичанец со 10 голови во една сезона во ЛШ

Баерн Минхен поведе со 2-0 на гостувањето кај Баер Леверкузен и веќе нема дилеми дека Баварците одат во четвртфиналето на Лигата на шампионите, а стрелецот на првиот гол, Хари Кејн, испиша историја.

Кејн стана прв Англичанец со двоцифрен број на голови во една сезона во елитното европско натпреварување без разлика дали тоа е Лигата на шампионите или Купот на европските шампиони.

Инаку од почетокот на минатата сезона во ЛШ наваму, Кејн е играчот инволвиран во најмногу голови. На 23 меча има 18 голови и пет асистенции.

- Оглас -

Најнови вести