Хари Кејн остана во Тотенхем што се однесува до оваа сезона, па останува да се види дали следното лето повторно ќе притиска за трансфер во Манчестер сити. Управата на Петлите не му овозможи да заигра за клуб со шампионски амбиции, па дел од навивачите му свртеа грб поради што сакаше да си замине од клубот во кој прерасна во една од најголемите фудбалски ѕвезди на Островот.
И покрај тоа, Кејн не жали за неговите потези, бидејќи сакаше да стори тоа што смета дека е најдобро за неговата кариера.
„Кажав и претходно дека навивачите имаат право на свое мислење. Но, очигледно е дека понекогаш не ја разбираат целата приказна околу тоа што се случува во позадина. Можам само да кажам дека од моја гледна точка имам чиста совест и дека единствено што треба да правам е да продолжам ја си ја вршам својата работа“, истакна Кејн пред мечот против Унгарија.