Келн го почнува патот кон враќање во Бундеслигата

3401 Либерец – Славија Прага (17.30 часот)

Двата тима имаат по четири бода после две кола во новата сезона од чешкото првенство, двата тима имаат постигнато по четири голови, а Славија уште нема примено погодок за разлика од домаќинот кој прими два гола, по еден во двете рунди. Славија е фаворит на хартија, но има и неколку повредени и болни играчи. На последните четири меѓусебни дуели на овие екипи, Славија секогаш даваше барем два гола.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.80)

 

1811 Келн – Хамбургер (20.30 часот)

Почнува новата сезона во германската втора лига и веднаш во првото коло има дерби помеѓу два клуба кои во голем дел од своето постоење биле прволигаши. Јарците испаднаа од Бундеслигата и ќе сакаат експресно враќање во елитата, а ХСВ за малку не успеа да влезе во Бундеслигата во минатата сезона, беа четврти, па останаа и без бараж. Келн бележеше добри резултати во подготвителниот период, на последната контрола го победија Удинезе со 3-2, а Хамбургер на последните два меча, против Арис Лимасол и Кардиф не успеа да даде гол.

Предлог тип: 1 (2.20)

 

1655 Ројал Унион СЖ – Бершот (20.45 часот)

Ова е дуел на два тима кои во првото коло од белгиската лига одиграа без голови, па целта ќе им биде да ги постигнат своите први голови сезонава. Квотите најавуваат дека голем фаворит за победа е домашниот тим, додека за новиот прволигаш целта ќе биде да остане непоразен. Бершот нема пријатни спомени од своето последно гостување кај Кралевите пред речиси две и пол години, резултатот беше 5-0 за домашните.

Предлог тип: 1-1 & 2+ (2.09)

 

3141 Динамо З. – Истра (21.00 часот)

Истра која минатата сезона во хрватското првенство ја заврши на осмо место, ја имаше таа несреќа во првото коло да се сретне со најтешкиот можен противник и тоа на неговиот стадион. Истра ќе игра и против традицијата, овој клуб никогаш не победил на „Максимир“, а при последните две гостувања во Загреб кај Модрите во чии редови се Стефан Ристовски и Аријан Адеми, Истра губеше со по три гола разлика.

Предлог тип: 1 & 2>1 (2.12)

 

6723 Франција – Аргентина (21.00 часот)

Ова е најинтересното од четирите четвртфиналиња на машкиот олимписки турнир во фудбал. Французите ги добија сите три меча во групата, имаат поддршка од трибините и важат за сериозен кандидат за титулата. Но, и Аргентина никако не смее да биде потценета, имаат играчи како Отаменди, Алварес, Симеоне, плус тоа мотивирани се против земјата која ја победија во финале на СП да им покажат дека и во Јужна Америка се игра добар фудбал.

Предлог тип: ГГ (1.86)

- Оглас -

Најнови вести