Екипата на Келн го декласираше Кајзерслаутерн со 4-0 и го освои првото место во втората германска лига, па заедно со Хамбургер кој минатиот викенд обезбеди враќање во елитата, во следната сезона ќе играат во Бундеслигата, каде што им е местото според историјата која ја имаат.
Јарците до денеска немаа осигурано пласман во Бундеслигата, и не сакаа да ја испуштат шансата, а тоа заедно со поразот на Хамбургер, им донесе и прво место во Цвајта.
Трети е Елверсберг кој ќе игра бараж за место во Бундеслигата против Хајденхајм кој беше 16-ти сезонава во прволигашкото друштво.
Фановите на Келн одвај го чекаа последниот судиски свиреж за да влезат на терен и да го започнат славјето:
❤️ NOUS SOMMES CHAMPIONS DE 2. BUNDESLIGA !
NOUS SOMMES DE RETOUR EN BUNDESLIGA ! #EFFZEH #KOEFCK pic.twitter.com/sQAXbSYfKi
— FC KOELN FRANCE (@fckoelnfrance) May 18, 2025