7.8 C
Skopje
петок, 30 јануари 2026

Келн ќе испише историја, првпат ќе има 50.000 гледачи на дуел од младинската Лига на шампиони

Мечевите од групната фаза во Лигата на шампионите завршија и од следниот месец ќе започнат возбудувањата во нокаут-системот. Елиминациските дуели ќе започнат и во младинската Лига на шампиони, а со посебно внимание ќе се чека еден меч.

Келн е шампион во У19 генерацијата во Германија и ќе игра во 16-финалето на младинската ЛШ. На 4 февруари младинците на Келн на свој терен ќе играат против врсниците на фудбалерите на Интер.

Тоа што е впечатливо е дека Келн својот меч ќе го игра на стадионот „Рајн Енерџи“, кој собира 50.000 гледачи, а сите билети се продадени и се очекува трибините да бидат исполнети до последно место.

Доколку се случи да бидат трибините исполнети и да има 50.000 гледачи, тоа ќе преставува нов рекорд за дуел кој се игра во младинската Лига на шампиони. Тренерот на Келн, Стефан Рутенбек, беше воодушевен од лојалноста која ја покажале навивачите.

„Дали сте вие нормални? Цел стадион е распродаден. Ова ќе биде врвно“, задоволно коментираше тренерот Рутенбек.

Келн во 16-финалето на ЛШ се избори откако ги победи Расинг Унион од Луксембург и данскиот Митјиланд. Веќе в среда, на 4 февруари ги чека најголемиот меч во нивните досегашни кариери и тоа пред преполн стадион, кој ќе постави нов рекорд во младинската Лига на шампиони.

Актуелниот рекорд за најпосетен меч од младинската ЛШ го држи тимот на Трабзонспор, кој во април минатата година на свој терен играше пред 40.368 гледачи во дуелот против Интер.

- Оглас -

Најнови вести