Келн планира да постави три автобуси пред голот за да се одбрани од Халанд

Екипата на Келн вечерва гостува кај Борусија Дортмунд во бундеслигашки меч на кој норвешката сензација Ерлинг Халанд треба првпат да заигра пред публиката на „Сигнал Идуна парк“. На дебито во Германија, 19-годишниот Халанд даде три гола и тоа за 20-тина минути, па нормално е што Јарците се плашат најмногу од новото засилување на Дортмунд.

„Ќе треба во нашиот 16-ник да паркираме три автобуси за да се одбраниме од Халанд“, се пошегува тренерот на Келн, 50-годишниот Маркус Гиздол.

Гиздол додаде дека не е само Халанд, туку Борусија има и други квалитетни играчи, како Ројс, Геце, Азар и Санчо, па никому од нив не смее да му се даде премногу простор. Сепак, Келн нема намера однапред да се предаде и од клубот велат дека нема да изјавуваат дека нема што да загубат од тимот кој се бори за титулата и заостанува седум бода зад лидерот Лајпциг.

- Оглас -

Најнови вести