Келн подготвува пекол за Баерн Минхен, а од титулата на Борусија може да заработи и милионски износ

Борусија Дортмунд е во пол-позиција пред Баерн Минхен за титулата во Бундес лигата и со домашна победа над Мајнц во сабота ќе биде нов шампион на Германија. Сепак, во тоа ќе се обиде да му помогне и Келн кој на домашен терен го пречекува Баерн Минхен.

Екипите на Борусија Дортмунд и Келн се одлично односи, а и навивачите на двете екипи се во “братски“ односни. Затоа и официјалниот спикер на натпреварот во сабота ќе известува за резултатот од Дортмунд, па титулата на Борусија ќе се слави и во Келн.

Само дополнителна причина за прослава на Келн е и клаузулата од трансферот на Антони Модесто од Келн во Борусија. “Милионерите“ за него платија 5.1 милиони евра, но според договорот ќе треба да исплатат дополнителна сума на Келн доколку ја освојат шампионската титула.

- Оглас -

Најнови вести