Келн после десет години, ќе дочека домашна победа над Аугсбург?

1001 Брентфорд – Вотфорд (21.00 часот)

Брентфорд сосема солидно игра во својата прва премиерлигашка сезона по влегувањето во англиската елита, и после 15 кола, има четири бода повеќе од вечерашниот противник. Вотфорд е тим со најмногу порази во Премиерлигата, загубија дури 10 пати, но имаат и четири победи, исто како и Брентфорд, и само едно реми. Вотфорд во претходните три кола губеше, но имаа и тешки противници. Двата тима се некомплетни, имаат доста повредени. Во минатата сезона кога двата тима беа во Чемпионшип,  двата меча беа со по 2 гола.

Предлог тип: 1Х & 1-3 (1.80)

 

1701 Нант – Ленс (21.00 часот)

Ленс има три нерешени резултати по ред, и повеќе од еден месец нема победа, но добро се држи на петто место на табелата во француската Лига 1. Нант е 13-ти, но има само пет бода помалку од Ленс. Канаринците се во променлива форма, во последните три кола имаа победа, пораз и реми. Ленс е трета најефикасна екипа во лигата. Нант уште од 2014 година не победил дома против Ленс, додуша во овие седум години во Нант се сретнале само двапати.

Предлог тип: 0-1 I & 0-2 II (1.70)

 

3001 Џенова – Сампдорија (20.45 часот)

Во градско дерби мотивите се големи, па типуваме дека двата тима се способни да му дадат гол на ривалот со кој играат на ист терен. Пандев и другарите имаат само една победа сезонава и грчевито се борат за опстанок, не помогна ниту доаѓањето на тренерот Шевченко. И Сампдорија ја тресат скандали, претседателот им беше уапсен, а имаат и два порази по ред, и истотака им претстои борба за опстанок во Серија А. Џенова четири кола нема дадено гол, а Самп четири кола по ред и дава и прима гол.

Предлог тип: ГГ (1.76)

 

1801 Келн – Аугсбург (20.30 часот)

Келн не знае за пораз во претходните четири кола (три ремија и победа), а Аугсбург има два порази во последните четири меча. Келн со победа би се искачил на седма позиција, додека на гостите бодовите им требаат за борбата за опстанок, моментно се трети од долу. Во минатата сезона, Аугсбург победи во Келн, а Јарците се реваншираа кога гостуваа во Аугсбург. Аугсбург сезонава нема победа на гости, а Келн нема домашен пораз. Келн цела деценија чека победа на свој терен против Аугсбург, можеби е време за прекин на лошата традиција.

Предлог тип: 1Х & 3+ (2.15)

 

1301 Мајорка – Селта (21.00 часот)

Ова е дуел на две слични екипи според бројот на бодови и гол-разлика, но во мечот влегуваат со различно расположение. Мајорка победи во минатото коло и тоа против Атлетико во Мадрид, а Селта загуби дома од Валенсија. Најголем проблем за гостите од Виго е повредата на Аспас, а тој е убедливо најдобар играч на Селта, и без него, тие не се толку опасен тим. Селта два месеци нема загубено на гости, но тие 17 години се без победа на гостувањата кај Мајорка.

Предлог тип: 1 (2.65)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести