Нема прогнозери со перфектни осум погодени од осумте вчерашни мечеви од саботната понуда од третото коло сезонава на Спортска прогноза, но меѓу оние 1.704 играчи кои типувале за средбите од ова коло, има играчи со шанса за 12-ка или 11-ка, и тие остануваат во трката за освојување на ваучери од Sport Life.
Горан П. има 7 погодени од осумте саботни дуели, погрешил само кај Волфсбург – Келн, каде типувал победа на домашните, а мечот заврши 2-4. Победата на Јарците е и најголемото изненадување, само 4,58 отсто играчи на Спортска прогноза верувале во триумф на Келн.
За денеска останаа пет меча од основната понуда. Возбудувањата започнуваат во 15 часот со дуели од француската и италијанската лига.
Кај мечот Клермон – Тулуз, прогнозерите се поделени, речиси ист број прогнозери типувале на кец (44,01 отсто) и икс (44,89 отсто), а само 11,09 проценти типувале двојка. Што се однесува до парот Специја – Болоња, и тука нешто повеќе се за нерешено (44.95 отсто) отколку за двојка (41,26 отсто), а најмалку прогнозери (13,79 отсто) типувале единица.
Најсигурен кец треба да е победа на Аугзбург против Херта. Вчера Баварците (Баерн) не успеаја да победат тим од Берлин (Унион), а за денеска 69,95 отсто веруваат дека баварски тим ќе победи против екипа од главниот град на Германија.
Дербито се игра на „Олд Трафорд“, каде Манчестер јунајтед е домаќин на Арсенал, а тука нема јасен фаворит кај оние над 1.700 прогнозери. Точно 39 проценти очекуваат домашните да победат, 31,5 проценти чекаат нерешено, а 29,4 проценти се изјасниле за победа на гостите од Лондон.
Монако е фаворит на високи 64,6 проценти за победа кај Ница.
Овие пет меча типувани од 1.704 играчи на Спортска прогноза, носат голем вкупен коефициент, доколку ги играте фиксовите на конечен тип за најголемите проценти, а може да бидете и поскромни и да одиграте со неколку двознаци.
Вака изгледа замислениот предлог тикет со фаворитите на Спортска прогноза:
Клермон – Тулуз 1Х
Специја – Болоња Х2
Аугзбург – Херта 1
Манчестер јунајтед – Арсенал 1
Ница – Монако 2