Легендарниот аргентински фудбалер Марио Кемпес даде интересна изјава во врска со трансферот на Меси во Барселона. Според него, тоа е лош потег.
„Трансферот на Меси во Барселона ќе биде лош за него. Подобро му е во Франција, каде што може мирно да го чека следното Светско првенство. Целта на Барселона е друга, сè уште не се закрепнати од неговото заминување. Таму има многу проблеми. Размислувам за репрезентацијата на Аргентина. За физички и психички мир на Меси, подобро е да остане во Франција отколку да се врати во Барселона, така ќе биде поподготвен за репрезентацијата.“
Марио Кемпес за репрезентацијата на Аргентина одигра 43 натпревари, на коишто постигна 20 гола, а беше дел од генерацијата која во 1978-та го освои Светското првенство.