Кенан Јилдиз му донесе триумфално деби на Игор Тудор на клупата на Јуве (Видео)

Јувентус оствари минимален триумф (1-0) против Џенова на домашен терен и се доближи на еден бод негатива до четвртопласираната Болоња во трката за пласман во Лигата на шампионите следната сезона. Тоа е деби триумф за новиот тренер на тимот, Игор Тудор, кој на клупата го замени Тијаго Мота.

Кенан Јилдиз беше стрелец на победничкиот гол во 25-тата минута. Тој постигна убав погодок, што на крајот се покажа како доволно за освојување на трите бода.

Јувентус играше цврсто во одбраната и не дозволи гостите да создадат посериозна можност пред голот на Ди Грегорио.

- Оглас -

Најнови вести