Бразилецот Кенеди го постигна првиот гол за Хетафе, а испадна победнички за неговиот тим во Виго, против Селта.
Во шестиот меч, откако од Њукасл се пресели во редовите на шпанскиот прволигаш, Кенеди постигна интересен гол во 37. минута.
Сам ја пројде цела противничка половина, си се прошета низ теренот и го совлада Бланко за три бода за гостите.
https://www.youtube.com/watch?v=s5oviCg3BDY
Во истиот термин во Мадрид, Леганес загуби од Еибар со 1:2 и ја продолжи големата криза. Домаќините поведоа во шесттата минута со голот на Ел Несири, но Баскијците направија пресврт. Шарлс израмни по десеттина минути, а мечот го реши извонредниот потег на ветеранот Фабијан Орелјана.
Напаѓачот на Еибар прекрасно му асистираше на Кике во 84. минута, а овој рутински погоди за победа од 2:1.