Онезмус Киплимо Киплагат од Кенија е победник на традиционалниот “Виз Ер Скопскиот маратон“ кој утринава се трчаше низ улиците на главниот град на Македонија. Кенискиот маратонец успеа да истрча 42 километри и 195 метри за 2 часа 18 минути и 19 секунди.
Зад победикот, се најдоа двајца македонски маратонци. Дарио Ивановски заврши како втор со време од 2:23:07 часа, а трет беше Никола Илиевски.
Во женска конкуренција победи Кетрин Черотич од Кенија, а втора беше Биљана Кираџиев.