14.8 C
Skopje
вторник, 23 септември 2025

Кепа е трагичар во најдолгата пенал-серија – Ливерпул нижеше рекорди со пехарот во Лига купот (Видео)

Кепа Аризабалага беше трагичар во финалето на Лига купот во Англија и со неговата утка во 11-тата серија пенали, Ливерпул успеа да го освои пехарот, а Челзи не стигна до третиот трофеј сезонава.

Кепа влезе во игра во 119-тата минута од продолженија на местото на извонредниот Едуард Менди, како специјалист за пенали, но не одбрани ниту еден удар, а го промаши клучниот удар откако претходно 21 пеналџија во двете екипи беа прецизни.

Пенал-серијата на Вембли можете да ја погледнете ОВДЕ.

Ова беше и најдолгата пенал-серија од 22 удари во сите купови во Англија кога во финалињата играле два премиерлигаши.

Ливерпул стана рекордер во Лига купот со 9 пехари пред Манчестер сити, а успеа и да се израмни по бројот на титули вкупно со Манчестер јунајтед.

Liverpool has tied ManU for most major trophies won by a English team from soccer

Ливерпул и Манчестер јунајтед сега имаат по 66 титули во сите конкуренции како две најтрофејни екипи во Англија.

https://twitter.com/StatmanDave/status/1498025755443437574?s=20&t=5dgujCeuDQphKBvBwbxkSw

Во топ-5 се и Арсенал со 48 пехари, Челзи со 34 и Манчестер сити со 28.

 

- Оглас -

Најнови вести