Манчестер сити го одбрани трофејот во Лига купот на Англија, откако во драматичен меч, дури по изведување на пенали го победи Челзи со 4:3. Во регуларниот дел немаше погодоци, мрежите мируваа и по дополнителните 30 минути, а во пенал-рулетот играчите на Сити се радуваа на пехарот.
Вистинска драма се случуваше во последните неколку минути. Голманот на Челзи се повреди Кепа, му беше укажана помош, а лекарите на Челзи решија дека е потребно да се направи измена. Тренерот на Челзи, Маурицио Сари веќе го имаше подготвено резервниот голман Кабаљеро да влезе во игра, но Кепа одби да излезе. Целата ситуација може да ја видите ТУКА.
Иако Сари нервозно му сугерираше на голманот да излезе, шпанскиот чувар на мрежата одби и остана во игра, да ги брани пеналите. Во пенал-рулетот, Кепа одбрани еден пенал, тој на Сане, но играчите на Челзи промашија два удари, па Манчестер сити се радуваше на трофејот во Купот. За „граѓаните“ ова е четврти трофеј во Лига купот во последните шест сезони.
Двата тима многу калкулираа во текот на сите 120 минути. Речиси и да немаше стоостотна шанса, па најреално беше што немаше погодоци. Интересно е што пред само еден месец, во првенствен дуел, Сити го растури Челзи со 6:0 и тоа кога во првите 25 минути „граѓаните“ дадоа четири голови. Овојпат се виде дека кога се работи за финале, едноставно мора да е многу подраматично.
ПЕНАЛИ
ЧЕЛЗИ МАНЧЕСТЕР СИТИ
0:0 Жоржињо (Едерсон брани), Гундоган 0:1
1:1 Аспиликуета Агуеро 1:2
2:2 Емерсон Сане 2:2
2: 2 Давид Луиз Бернардно Силва 2:3
3:3 Азар Стерлинг 3:4