Кепа Аризабалага беше најдобриот поединец на лондонското дерби меѓу Фулам и Челзи и со неколку прекрасни интервенции и најзаслужен за победата од 2:1 на гостите.
Кепа се врати на голот по еден меч пауза, откако приреди непријатно шоу на куп финалето со Манчестер сити и одби да излезе од игра. Клубот го казни со еднонеделна плата, но Аризабалага се врати на голот на Челзи и денеска бранеше извонредно.
Челзи победи со головите на Игуаин и на Жоржињо во првите половина час, а Чемберс го постигна почесниот гол за Фулам.
Во финишот Кепа се истакна, а домаќините постигнаа уште еден гол, но беше поништен поради офсајд во сомнителна ситуација.
Челзи сега е на шестата позиција со 56 бодови, но и меч помалку, а Фулам остана на 17 бодови и е во тешка ситуација во битката за опстанок.