Keпа веќе три меча брани место Де Хеа, но не мисли дека е број 1 во Шпанија

Јунскиот квалификациски циклус Шпанија го заврши со две победи, против Фарските Острови со 4-1 и против Шведска со 3-0. Во двата меча, голот на Црвената фурија го чуваше Кепа Аризабалага, додека првиот чувар на мрежата Давид де Хеа од клупа ги следеше средбите.

Членот на Челзи, кој воедно е и најскап голман во светот, смета дека и натаму не е прв избор кај селекторот Луис Енрике, иако со овие два меча забележа три последователни настапи, сметајќи го и дуелот против Малта кој се одигра на 26 март.

„Опкружени сме со шпекулации дека меѓу мене и Давид има недоразбирање. Но ние одлично се согласуваме, особено кога сме во репрезентацијата, голем дел од времето го поминуваме заедно. Јас само си ја вршам работата и одговарам на повикот на селекторот. Се обидувам да дадам максимум во секоја пружена прилика. Разбирам дека Де Хеа е тажен што мораше да седи на клупа, но селекторот е тој кој одлучува кој ќе игра, а кој не. Чувствувам дека сум подготвен да бидам број 1, но знам дека засега не сум. Јас сум само еден од голманите кои Енрике ги повикува во селекцијата и ми дава шанса да се докажам“, истакна Кепа за шпанските медиуми.

Аризабалага во трите последователни натпревари прими само еден погодок, а интересно е што во една анкета на шпанскиот медиум „Марка“, повеќе од 1.000 фанови на Фуријата гласаа за Кепа да биде прв избор за голман наместо Де Хеа и доби дури 95% од гласовите.

- Оглас -

Најнови вести