16.8 C
Skopje
сабота, 25 октомври 2025

Ќерката на Анчелоти откри зошто нејзиниот татко и Гатузо не разговарале 6 години

Ќерката на Карло Анчелоти, Катја, објасни зошто нејзиниот татко не разговара со Џенаро Гатузо.

Пред 6 години, поточно во декември 2019 година, Анчелоти беше отпуштен од Наполи и заменет со Џенаро Гатузо, кој играше под негово водство во Милан.

Токму оваа ситуација довела до раздор меѓу двајцата, бидејќи Гатузо не го информирал Карло за тоа што се случува.

Џенаро сега е селектор на италијанската репрезентација, а Анчелоти го води Бразил.

„Оттогаш не разговарале ниту се виделе. Тато беше вознемирен. Рино не му се јавил оттогаш. Можеби ќе се сретнат на Светското првенство следната година. Сите се надеваме дека Италија ќе стигне таму, а за мене лично, финале Бразил – Италија како во 1994 би било фантастично. Во тоа време, мојот татко му беше помошник на Ариго Саки“, рече Катја Анчелоти во интервју за „Кориере дела Сера“.

Анчелоти и Гатузо последен пат се сретнаа во јануари 2023 година во Суперкупот на Шпанија, кога Анчелоти го водеше Реал, а Гатузо беше на клупата на Валенсија. Се поздравија, но ладно и секоја тргна на своја страна. Погледнете:

- Оглас -

Најнови вести