Новак Ѓоковиќ попладнево на Вимблдон ќе игра четвртфинален дуел со Андреј Рубљов, а Русинот ѝ е омилен тенисер на ќерката на Новак, Тара.
„Точно е дека Тара е фан на Рубљов, тој е нејзин избор меѓу тенисерите. Таа обично не гледа тенис, но го сака Рубљов поради лентата на глава која ја носи и енергијата која ја има. Сепак, се надевам дека овојпат ќе навива за тато“, призна Новак, кој дома ќе разговара со ќерката веројатно да ѝ укаже дека не треба да навива против него.
https://twitter.com/i/status/1678750700120014849