Ќерката на милијардерот во родниот Њујорк стигна до првото гранслем-полуфинале

Американката Ема Наваро е прва полуфиналистка на Отвореното првенство на САД во тенис. Таа во четвртфиналето ја совлада Паула Бадоса со 6-2, 7-5 и првпат во кариерата ќе игра полуфинале на еден гранслем-турнир.

Во вториот сет, Шпанката Бадоса водеше со 5-1, но Наваро освои 24 од последните 28 поени на натпреварот и со огромен пресврт спречи играње на трети сет.

Интересно е дека Наваро, која е родена во Њујорк и овој гранслем е на нејзин домашен терен, на финансиски план „тежи“ многу повеќе отколку што имаат заработено од турнири заедно тројцата најуспешни тенисери на сите времиња: Новак Ѓоковиќ (184 милиони долари заработка), Рафаел Надал (134 милиони долари) и Роџер Федерер (130 милиони долари).

Ема е ќерка на Бен Наваро, банкар и инвеститор чие богатство се проценува на 3,5 милијарди долари.

- Оглас -

Најнови вести