Ливерпул ќе почека до следната сезона да се обиде да стигне до титулата во Премиер лигата. „Црвените“ победија во последното коло на свој терен, но навивачите на „Енфилд роуд“ останаа тажни бидејќи титулата замина кај Манчестер сити.
Како утеха, египетскиот напаѓач Мохамед Салах ја освои наградата за најдобар стрелец во Премиер лигата. Тој го доби признанието веднаш по мечот, а со него беше и неговата ќерка. Кога требаше да си заминат од теренот, ќерката на Салах зеде топка и истрча на игралиштето. Таа ја водеше топката и стигна до голот, а потоа и погоди, па донесе малку радост кај фановите на Ливерпул, кои беа разочарани поради тоа што не се радуваат на трофејот кој го чекаат веќе 30 години.
https://twitter.com/i/status/1127633478210682880